Oткако во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти во петокот се вееше знамето на „Голема Албанија“, во регионот имаше бурни реакции.
Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, зборувајќи за неодамнешната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија, рече дека САД не поддржуваат ниту „Голема Албанија“ ниту „Голема Србија“.
„Соединетите Американски Држави не поддржуваат „Голема Албанија“ или „Голема Србија“, ниту пак прекројување на државните граници во балканскиот регион. Секој обид да се направи тоа би бил контрапродуктивен и дестабилизирачки. САД силно го поддржуваат територијалниот интегритет на сите земји од Западен Балкан, вклучително и на Косово“, рече Ховениер, пренесува „Газета експрес“