Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска бил повикан на разговор во полициската станица „Бит Пазар“ каде што бил информиран дека добил две прекршочни казни во врска со организацијата на посетата на косовскиот премиер, Албин Курти, во Чаир.
Од Алтернатива исто така реагираа со соопштение во кое стои дека во полиција покрај Ганиу бил повикан и лидерот на Беса, Билал Касами, а причина била иконографијата при посетата на премиерот на Косово.
„Осудувајќи го овој чин како срамен и тенденциозен мораме да кажеме дека ако тоа не се случило по налог на Вучиќ, во што сериозно се сомневаме, туку е панично однесување на властите поради загубата на следните избори што ја очекува Коалицијата Соравија-Брако.“ – изјавија од Алтернатива.