Арсовска Иницира Враќање на Името на Улицата “Втора македонска бригада” во Скопје

Арсовска со иницијатива до Советот на Град Скопје за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“ Градоначалничката Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“, што претходниот состав на советот ја променил во „Адем Демачи“, а за што Владата дала согласност за промена. За ова денеска информираат од Кабинетот на Арсовска.

„Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог-одлука, со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија. Апелирам, оваа иницијатива да не се политизира, ниту пак да се злоупотребува за кревање на етнички тензии, особено поради фактот што најголемиот дел од хероите, покрај Македонци, биле токму Албанци, Роми и Власи“ – посочува Арсовска.

Воедно, како што се наведува во соопштението од Град Скопје, градоначалничката Арсовска силно ја осудува националистичката реторика на косовскиот премиер Албин Курти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*