Знаме на Голема Албанија на Врвот на Политичка Сцена во Тетово

Знаме на таканаречената голема Албанија синоќа се вееше на тетовскиот плоштад каде се организираше прослава по повод пристигнувањето во Тетово на косовскиот премиер Албин Курти. Градоначалникот на Тетово Билал Касами се огради од инцидентот, од СВР Тетово велат дека работаат на случајот. 

Во Тетово знаме на голема Албанија на прослава која ја организираше локалната самоуправа. Знамето се вееше над главите на Касами, неговиот гостин од Косово Албин Курти, како и челниците на албанската опозиција Изет Меѓити предводник на новата партија Демократско движење и претседателот на Алтернатива Африм Гаши. Околу нив десетици албански и косовски знамиња.

Околу вчерашниот инцидент пристигнаа бројни реакции од македонските политичари, кои прашаа за каков соживот и взаемно почитување зборуваме. Побараа институциите да постапат согласно овластувањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*