Смртоносна несреќа на регионалниот пат Прилеп – Росоман

Во Полициската станица Кавадарци,утрово околу 6:30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај место викано „Камен Дол“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило марка „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(55) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(61) од Свети Николе.

Малку подоцна, на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55) од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(52) од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, С.С.(55) од Свети Николе. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С.(54) од Свети Николе кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата изврши Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци.

Општина Ѓорче Петров во соработка со Армијата на Република Северна Македонија денеска со положување цвеќе на три спомени одбележа 22 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила во конфликтот од 2001 година. Како што соопштија од Општината, централниот настан се одржа на споменикот на бранителите од Ѓорче Петров во Волково каде цвеќе положија бројни високи државни, партиски и делегации на здруженија, а обраќање имаше и градоначалникот на Општината Александар Стојкоски.

Тој информираше дека Општина Ѓорче Петров
му предложила на Советот на Град Скопје пет улици во општината
да бидат именувани со имињата на овие македонски херои, во
најголем дел улиците на кои се наоѓаат нивните семејни куќи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*