Министер Османи активен во решавањето на состојбата во Лачин Коридорот

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денес, непосредно при неговото пристигнување во Астана, која е дел од неговата централно азиска турнеја, поради сензитивноста што се случува во Лачин Коридорот и потребата за итно реагирање, оствари два одделни телефонски разговори со Министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, Џејхун Бајрамов и Арарат Мирзојан.

Министерот Османи ја изрази својата загриженост за состојбата околу коридорот Лачин и влијанието врз цивилното население, особено ранливите групи, вклучително жените и децата.

Претседавачот Османи истакна дека треба да преовладуваат хуманитарните аспекти и непосредните потреби на луѓето. Воедно ја потенцира потребата за користење на ОБСЕ механизмите и соодветни мерки како дел од решенијата за нормализирање на односите и градење доверба меѓу Ерменија и Азербејџан.

Тој повтори дека Северна Македонија е подготвена да понуди платформа за дијалог, додавајќи ги напорите и можните решенија за одржлив мир, соопштуваат од МНР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*