Инфективна доби лек за тешка форма на конго кримска хеморагична треска. Заболената болничарка засега не прима од оваа антивурисна терапија бидејќи нема драстично влошување на здравствената состојба.
Директорката на клиниката за Сител изјави дека набавиле одредени количини во соработка со СЗО и Лекари без граници и не е специфичен само за болеста што ја пренесуваат заразни крлежи туку и други вирусни инфекции.
“Не е специфичен само за конго кримска, ние сме го давале и за тешки форми на хепатит ц. Нашата вработена е во стабилна состојба и нема такви параметри за да го прима овој лек. Состојбата и се следи постојано.” – вели д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиника за инфективни болести.
48 годишната болничарка е хоспитализирана на Инфективна и состојбата и е стабилна со повремено зголемување на температурата.