Комисијата за Заразни Болести Следи Состојбата на Заразена Болничарка и Други Лица

Болничарката заразена со конго-кримска хеморагична треска е во стабилна здравствена состојба, информира Клиниката за инфективни болести.

Параметрите ѝ се следат, но болеста има своја еволуција, првите денови не се тешки, но подоцна може да се влоши состојбата. Болничарката во трета смена се грижела за пациентката од Штип која беше касната од крлеж, а потоа почина. Болничарката е една од 29 лица кои биле под здравствен надзор поради контакт со штипјанката.

Кај неа на деветтиот ден се развила болеста. Државниот санитарен и здравствен инспекторат под надзор стави уште 11 лица, десет члена од семејството на болничарката и една нејзина колешка. И Комисијата за заразни болести будно ја следи состојбата.

Пациентката од Штип почина на 27-ми јули, откако неколку дена претходно ја каснал крлеж. Конго- кримската хеморагична треска е широко распространета болест која се пренесува преку крлежи. Смртноста достигнува и до 40%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*