Прилеп Одбележува 22 Години од Трагичната Трагедија на Армискиот Конвој

И по 22 години чувствата на гордост и тага се измешани. Прилеп се сеќава на 10-те загинати воени резервисти: Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко Љубе, Пецо и Марко.

Загинаа при заседата на армискиот конвој кај Карпалак. Одбележувањата почнаа пред спомен обележјето во гарнизонот „Мирче Ацев“. Според здружението „Карпалак“, политичкиот систем никогаш нема да ги реши отворените прашања за бранителите кои загинаа и за оние кои го преживеаја воениот конфликт во 2001-ва.

На денот на трагедијата, осми август ќе бидат посетени месноста Карпалак, вечните почивалишта на загинатите бранители во Прилеп и населените места. Централното чествување е во центарот на градот пред споменикот „Карпалак“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*