Препораки за промени во македонските учебници по историја и критики кон наставната програма за македонски јазик

Во петте препораки за македонските учебници по историја за шесто одделение кои ја обработуваат антиката, се бара поголема застапеност на проблематиката поврзана со Тракија и Тракијците но и дека сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава содржат историски анахронизам, односно се застарени.

Професорката Наташа Котлар забележува и дека не биле земени предвид забелешките на стручната јавност. Освен промените во учебниците по историја за шесто оддление, во јавност има и забелешки околу наставната програма по македонски јазик, односно дека во делот на потеклото на македонскиот јазик, нема да се учи за делото на Св. Кирил и Методиј но и Св. Климент и Наум Охридски.

Професорката Котлар инсистира на голема внимателност и да се спречат вакви тенденции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*