Радикални Промени во Раководството на Царинската Управа: Нови Лица на Клучни Позиции

Првиот човек на Царинската управа, Стефан Богоев во едне ден направил промена на повеќе клучни раководни позиции во институцијата. Ова за Телма го потрвди директорот Богоев, но не сакаше да коментира, поради кои причини сите тие лица се разрешени и тоа во еден ден.

Измени се направени на раководната фунцкија на секторот Акцизи, во одделот за акохол, алкохолни пијалоци и тутунски производи, а промени има и на шефовските позиции на граничниот преминот Блаце, но и на преминот Табановце.

Инаку Стефан Богоев од пред извесно време стана директор на Царинската управа на местото на Славица Кутиров, која претходно менаџираше со оваа институција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*