Бујар Османи: Гласајте за уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ доби повик за учество во процесот

Гласајте за уставните измени, па одиме на предвремени избори. Шефот на дипломатијата, Бујар Османи во интервју за Вториот програмски сервис на Македонската Телевизија испрати повик до ВМРО-ДПМНЕ да се вгради во процесот за да се надмине и последната пречка за отворање на поглавјата во преговорите со ЕУ.

Иако барањето, министрите на ДУИ да ја напуштат власта го смета за шовинистичко, Османи тврди дека се подготвени и самите да заминат во опозицијата, ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го притиснат зеленото копче за уставните измени.

„Ако е ова барањето за поддршка на уставните измени, еве го исполнуваме. Ние сме за предвремени избори, само ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени“, вели Османи. Но, според ВМРО-ДПМНЕ, последните провокации од Софија која, како што велат од партијата, го бугаризира Илинденското востание додека властите во Скопје молчат, е показател дека се врши отворена негација на македонската историја и оти уставните измени нема да бидат последниот бугарски услов на нашиот евроинтегративен пат.

Првата пленарка за уставните измени е за помалку од две недели. Закажана е за 18-ти август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*