Антикорупциска иницијатива: Барање за Кривично Гонење на Градоначалникот на Струмица

Антикорупциска ќе достави иницијатива за кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко поради сомневање дека двапати назначил в.д. Директорка во основно училиште која не ги исполнувала условите.

Го немала потребното работно искуство, ниту уверение за положен испит за директор. Пријавената предавала предмети за кои не била стручна и за кои е потребно високо образование, со анекс договор го зголемила фондот на часови, што е спротивно на законот. Ќе бараат кривично да одговараат и директорката и вработените кои и помагале да ги фалсификува документите кои и биле потребни за изборот на функцијата директор.

„Предавала различни наставни предмети за кои не била соодветна и не ги исполнувала условите за наставник согласно член 3 од законот за наставници и стручни соработници во основните и средни училишта, бидејќи со дипломата се стекнала на 1.4.2022 година и истата претходно била вработена со средно образование. Лицето не ги исполнувало условите за в.д директор, немала најмалку 5 години работно искуство во воспитно- образовната работа“, изјави Шемси Салаи, член на ДКСК.

Според антикорупциска, Мерко не го задолжил училишниот одбор да донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на директор на училиштето, иако тоа не е причина одборот да го стори тоа самоиницијативно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*