Докторите во јавното здравство бараат зголемување на платите и решение за специјализантите

Докторите во јавно здравство се крајно револтирани од односот на здравствените власти, во поглед на висина на нивните плати. Велат, судиите имаат двојно поголеми плати, а довербата на јавноста во судската фела е само 2 насто. Крајно време е тие да бидат соодветно наградени за својот труд, зашто ќе почнат масовно да преминуваат во приватното здравство.

Затоа формираат докторски одбор во рамките на Самостојниот синдикат на Клинички центар. Во Синдикатот на Клинички бараат усогласување на коефициентот, зголемен за минималната плата што ќе го чини Министерството само 2 милиони евра годишно.

Иако го поздравуваат зголемувањето од 10 насто на септемвриската плата и регресот за годишен одмор, сепак тоа не е доволно, споредено со платите на лекарите и медицинскиот персонал во земјите од нашето соседство. Велат, треба да се најде решение и за проблемите на специјализантите, во однос на сместувањето, додатоците за одвоен живот, за обврската по специјализацијата да останат минимум шест години во јавното здравство.

Синдикалците апелираат да се реши и проблемот со над 1.500 вработени, кои сè уште не ја добиваат гарантираната минималната плата од 20 илјади денари. Бараат волонтерите да добијат договори за работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*