Талат Џафери: Напредок или заостанување – Одлучување пред Северна Македонија

O υπουργός Εξωτερικών Νικόλαος Κοτζιάς συναντάται με τον πρόεδρο του κοινοβουλίου της ΠΓΔΜ Ταλάτ Τζαφέρι ( TalatTaferi), Παρασκευή 23 Μαρτίου 2018. Διήμερη επίσκεψη στην πρώην Γιουγκοσλαβική Δημοκρατία της Μακεδονίας (ΠΓΔΜ) πραγματοποιεί ο υπουργός Εξωτερικών Νικόλαος Κοτζιάς.

Северна Македонија повторно е исправена пред голема и одлучувачка одлука – ќе продолжиме напред, или пак ќе заглавиме на слепиот балкански колосек, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој во своето обраќање од Мечкин Камен по повод Илинден.

„Европската идеја од пред 120 години од Крушевскиот манифест за слобода, обединување и просперитет е веќе на дофат. Сега, како што ви е, верувам, познато, Република Северна Македонија, граѓаните и во прв ред политичките фактори во земјата се пред уште една голема и одлучувачка одлука.

Дали ќе продолжиме напред кон евроатлантското интегрирање на земјата, нешто за што сме се определиле како држава уште од осамостојувањето во 1991 година или ќе заглавиме на слепиот балкански колосек кој не нѐ води никаде, е избор што треба да се донесе со надминување на хировите, согледување на реалноста и излегување од тесните и себични партиски интереси“, рече Џафери. Сител

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*