Светска семакедонска средба – Вознемирувачка порака за заштита на македонскиот идентитет и култура на Илинден

Илинден не учел и не учи како да застанеме цврсто за да го браниме нашиот идентитет, култура и права. Само обединети можеме да се спротивставиме на оние кои го шират антимакедонизмот со цел да се дадат нови димензии на историските факти-порачаа меѓу другото организаторите на 52-та светска семакедонска средба од потпелистерско Трново.

„Вие сте Македонци а не обична дијаспора. Вие ни ја давате нашата сила. Во овие услови на политичка и лична дрскост вие ќе бидите носителите на македонството кое треба да се препороди,“ рекоа дел од останатите говорници.

Проблемите со кој се соочуваат на собирот ги кажаа и дел од нашинците што живеат во опкружувањето. Инаку собирот започна со благослов на Митрополитот г. Петар и добредојде од покровителот- градоначалникот Тони Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*