Како што рече министерот за земјоделство на средба со новинарите, целта е максимално искористување на ИПАРД 2 „до последно евро“.
„Наводите за злоупотреба на европските пари се евтин спин, кој може да ја наруши тешко стекнатата доверба во ИПАРД програмата. Македонија доби препорака од ОЛАФ за само 1 случај од 2015 година, за кој е завршена истрагата. Станува збор за сума од 660 илјади евра, средства од ИПА-фондовите, наменети за надградба на софтвер во Министерството за земјоделство. Владата ја доби информацијата од ОЛАФ и таа е проследена на натамошна постапка во Основното јавно обвинителство за организиран криминал” објасни Николовски.