Министерот за надворешни работи Османи се сретна со Дејвид Гир, Ерик Мајер и Дирк Јан Коп

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари одвоени средби со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп и со заменик шефот на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер.

Во фокусот на средбите беа политичките актуелности во земјава, со посебен акцент на околностите во кои се води јавната расправа за предложените уставни измени, и напорите на Владата да обезбеди континуитет на започнатите пристапните преговори за членство во Европската Унија без застој.

“Имаме одлична, може да се рече – уникатна можност, да обезбедиме пристојна европската иднина за нашите граѓани, што е воедно стратешка цел и определба на нашата држава и институции, но и јасна и недвосмислена волја на нашите граѓани. Овој пат клучот е кај нас, и со особена благодарност гледаме на поддршката на нашите меѓународни пријатели кои обезбедија навистина сериозни гаранции со поддршка за земјава во овој процес“, нагласи Османи.

На средбите беа отворени и темите од регионален карактер, особено во контекст на европска интеграција на целиот регион на Западен Балкан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*