Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од лидерот на партијата Христијан Мицкоски, го посети Мечкин Камен по повод Денот на Републиката – Илинден.
„И овој ден Илинден претставува водилка како треба да живееме и како треба да ја чуваме нашата држава Македонија во иднина. А само тоа место Мечки Камен одекнува и денеска, има големо и силно значење и денеска, затоа што во една нерамноправна борба четата на војводата Питу Гули борејќи се со повеќе броен аскер го положи својот живот, даде жртва за слободата која што ние денеска ја живееме.“
„Денеска од претставниците на власта ќе слушнете многу изјави, но додека ги зборуваат тие изјави пред медиумите знајте дека под маса договораат дополнително да го распродадат македонскиот супстрат и македонскиот идентитет за ден повеќе во фотелјите и ден повеќе да можат да ја пљачкаат и крадат Македонија.“ изјави Мицкоски.