Бугарија нема да поставува нови услови за членство на Македонија во ЕУ, изјави Габриел

Бугарија нема да наметнува нови барања и услови за Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ – вели бугарската минситерка за надворешни работи Марија Габриел. 

о интервју за бугарското радио таа вели дека иако нема да има нови барања, тоа не значи дека бугарската позиција кон земјава ќе се промени. Габриел откри дека во петок ќе има и техничка средба меѓу двете министерства за надворешни работи на која како што кажа, очекува да добие информација за исполнување на презементе обврски на земјава.

-Сакам за последен пат да ставам крај на таквиот вид на шпекулации. Бугарија нема нови услови и нема да создава нови услови. Но, Бугарија го набљудува како пакет постигнатиот компромис од јули 2022 година. Тоа значи да се случат уставните измени и јасно да видиме дека се почитувани правата на Бугарите, не само во преамбулата на уставот туку и во останатите два дела кои се дадени. Да се почитува договорот за добрососедство и да се почитуваат протоколите,- – Марија Габриел – Вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија.

Шефот на македонската дипломатија Османи за време на викендот посочи дека гаранциите дека официјална Софија нема да излезе со нови барања кон Македонија во евроинтегративниот процес се во преговарачката рамка. Османи ги оцени како како политичка пропаганда неодамнашните изјави на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени не се последниот услов. Според него, Договорот со Бугарија и Протоколот нема да бидат услов за отворање на поглавјата со Унијата.

Претходно високиот американски допломат Габриел Ескобар најави дека САД ќе работат со Бугарија да нема нови барања кон земјава на нејзиниот евроинтегративен пат. Слични пораки упатија и дел од министрите на земјите-членки на ЕУ кои изминатиот период беа во посета на земјава. Серијата високи посети пак, се очекува да продолжи и во октомври за кога е најавено во Скопје да пристигне и шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*