Шефот на делегацијата на ЕУ, Гир за прашањето за уставните промени

Европската унија има обврска да се грижи дека земјите кои преговараат нема да бидат блокирани од билатаралните прашања. Одговорност и на Брисел е да осигура дека пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија ќе се фокусира на важните прашања како владеењето на правото, економијата и животната, а не на билатералните прашања. Ова го кажа евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во интервју за Охридњуз прашан околу гаранциите дека Бугарија нема да излезе со нови барања. За процесот на уставните измени, Гир вели дека е резултат на компромисот од минатиот јули што ќе значи отворена врата за втората меѓувладина конференција, но сето тоа ќе зависи од одлуката на партиите во парламентот. „Доколку промените на уставот не се направат, тогаш во пракса тоа значи дека процесот ќе застане додека не се случат промените. Другите држави кои преговараат веројатно ќе одат напред во меѓувреме, како Албанија и тоа не е било какво преупредување, туку едноставно изнесување

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*