Оставки на министрите од ДУИ, зависни од уставните измени

Министрите на ДУИ поднеле оставки кои ќе се ефектуираат кога опозицијата ќе гласа за уставни измени, потврдија за Телма министри од ДУИ. „Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската Унија за Интеграција поднесуваме оставки од функциите што во моментот ги извршуваме“, напишале министрите од ДУИ во писмо до премиерот Димитар Ковачевски. „Оставките, премиере, автоматски, се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, наведуваат министрите од ДУИ. И министерот за надворешни, Бујар Османи кој е потретседател на ДУИ, вчера зборувајќи за уставните измени, рече дека понудата до опозицијата останува, ДУИ да излезе од влада, веднаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*