Бугарскиот премиер Денков: Неприфатливи агресии и обиди за предизвикување на тензии меѓу државите

За вчерашните инциденти се огласи и бугарскиот премиер Николај Денков, со оценка дека се должат на постојаните обиди да се предизвикуваат тензии меѓу државите. „Корените на овие односи се многу подлабоки. Се разбира, агресијата е целосно неприфатлива. Јасно е дека се бараат секакви прилики. Видете, спортот што треба да не обедини, во овој случај, се покажува како причина за агресија. Веќе има реакција на бугарската држава. Има соопштение од МНР. Софиското градско обвинителство самото отвори предмет, па ќе преземе соодветни дејствија за да се открие целата вистина за тоа што точно се случило и дека тој или оние кои се виновни ја сносат казната. Најважно во овој случај е младиот човек да се стабилизира по операцијата. Останува да видиме кога ќе се врати во Бугарија и ќе се лекува. “, изјави бугарскиот премиер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*