Мицкоски: Истрагата на ОЛАФ ја потврдува вплетеноста на Владата во криминалот

Во врска со случаите кои кај нас ги истражува европска агенција ОЛАФ, Мицкоски посочи дека ја видел статистиката која покажува дека половина од нив се однесуваат за нашата држава.

„Ние за тоа зборуваме шест години, дека оваа Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ, силно е вплеткана во криминал и корупција. Добро е што на нашите партнери од Европа им станува се појасно и добро е и тие што ќе се занимаат со оваа истрага. А идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и органите кои таа ќе ги има под свое управување, ќе истражуваат заедно со оваа агенција,“ нагласи Мицкоски.

Тој потенцира дека сите кои злоупотребиле народни или европски пари, треба да бидат изведени пред лицето на правдата. -Индиции за таков криминал имаме во стотици случаи, подвлече лидерот на најголемата опозициска партија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*