Иловица и автомобилот на Груби – Клучни теми на седницата во парламентот

Зошто досега не се поништила одлуката за спојување на концесиите на рудниците Иловица-Штука и зошто државата се става во ризик за исплата на милионски суми преку арбитражни спорови- прашаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на седницата за пратенички прашања, со критика до владата дека седум години не го решила проблемот. Премиерот Ковачевски и министерот за економија Бектеши пак велат вината е кај поранешните функцинери од ВМРО-ДПМНЕ кои давале позитивни мислења и се потпишале на одлуките за концесиите.

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори и од истражните органи за случајот со опожарениот автомобил кој го возел вицепремиерот Груби. Пратеникот Драган Ковачки ги прозва министерот за внатрешни работи и јавниот обвинител да кажат зошто Груби не сноси никаква одговорност за незаконските флешери на возилото и за сомнежите од бизнис зделки со неговиот пријател-сопственик на автомобилот..

Додека од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат државниот обвинител Јовески за најодговорен за ниската доверба на граѓаните во обвинителство, тој од собраниската говорница им одговори дека анкетите кои покажуваат толку ниски проценти се само перцепција, а лично кажа дека бил задоволен од ажурноста на институцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*