Бранко Хрватин предводи тимот за првата фаза на оценка на судиите

Тимот на оценската мисија испратен од ЕУ влезе во Судскиот совет. По Големата загриженост на Унијата за скандалите во Советот, тим од четворица претставници во првата фаза ќе ја чешла работата на судиите и ќе даде оценка за нивната работа. На чело на мисијата е поранешниот прв човек на хрватскиот Врховен суд Бранко Хрватин кој во изјава за Сител вели дека доаѓа во Скопје како дел од стручна посета а со членовите на Судски ќе разменат мислењe.

По средбата од Судски не откриваат со какви забелешки доаѓа Хрватин, кој заедно со тимот до утре е во Скопје. ОД Делегацијата на ЕУ во Скопје велат дека процесот ќе се води во две фази, но се планираат итни мерки за да се вратат кредибилитетот и независноста на судското тело.

Додека експертите најавуваат детална анализа во Судски, Советот денеска објави оглас за избор на нов член откако избраниот судија Наќе Ѓорѓиев се повлече уште пред да даде свечена заклетва, за да му ослободи место за вработување на синот како судија. Од денсака во советот почна да работи и судијката Антоанета Димовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*