Европски експерти ќе ја анализираат работата на судскиот совет во Северна Македонија

Членовите на Судски ќе се соочат со тимот европски експерти кои ќе анализираат како работи советот. Според најавата, процесот ќе се спроведува во две фази. Така тимот кој утре и задутре ќе дојде во земјава треба да утврди само што ќе се најде под нивна лупа, а наесен во анализирање на судски да дојде и поголема група експерти од повеќе европски држави.

Се планираат итни мерки за да се вратат кредибилитетот и независноста на судското тело. „Европската комисија распоредува мисија за рецензија во Северна Македонија која ќе се фокусира на функционирањето на Судскиот совет. Тим експерти од земјите членки на ЕУ ќе ја испита институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки, вклучително законодавни и институционални мерки, со цел да се зајакне независноста, непристрасноста и кредибилитетот ова важно тело за управување со судството“, се вели во најавата од ЕУ.

На чело на тимот кој утре доаѓа во земјава ќе биде поранешниот претседател на хрватскиот врховен суд. Тој ќе прави план за работа на неговите колеги кои во септември ќе ја посетат Македонија, а според претходните најави тимот ќе биде составен од поранешни членови на судски совети во европските држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*