
Додека вредните акции на осудениот Сашо Мијалков се распродаваат на аукција, тој се вработи како возач за потребите на струшкиот затвор. Веб-медиумот ИРЛ ги објави овие информации, а потврда има и од Управата за извршување на санкции.
Телма се обиде да добие детали за работните задачи на Мијалков, а од струшкиот затвор најавија детали за утре. Едниствено е познато дека Мијалков е задолжен за затворско комбе за набавка на стоки за потребите на струшкиот затвор. Ова доаѓа во моменти кога истекува првата година од трите на кои Мијалков е осуден во предметот „Империја“, а ги одлежува во струшкиот затвор.
Во меѓувреме, утре е последниот ден до кога на берзата ќе се продаваат акциите чиј сопственик беше екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање кои пак тој ги отстапи на државата за да се спогоди во случајот „Империја“ во замена за тригодишна затворска казна