Историски настан на Охридско лето: Џон Малкович на емблематскиот Антички театар

Утревечер фестивалската публика на Античкиот театар во Охрид ќе има прекрасна можност да го проследи настапот на ексклузивниот гостин на 63-то издание на „Охридско лето“, големиот светски актер Џон Малкович.

„Тој со својата драмска уметничка вредност прикажана во театарската претстава, „Пеколна комедија-исповеди на сериски убиец“ ќе остави траен белег на нашата најеминентна културно сценска манифестација. Со богатото искуство и харизма како исклучителен актер, режисер и продуцент неговото присуство ќе придонесе за уште поголемо афирмирање на Охридско лето и нашата држава“, изјави Бисера Костадиновска Стојчевска-министерка за култура.

„Со проектот „Вечер на Џон Малкович“, оценет како најексклузивен гостин на „Охридско лето“ се предизвика огромен интерес кај публиката. Токму за овој настан се направени бројни резервации од целиот регион, но и од Бразил, Холандија, Франција, САД и многу други земји“, рече Наташа Поповиќ-директор на Фестивалот „Охридско лето“.

Дека интересот за настапот на славниот актер кој има снимено повеќе од 70 филмови е голем говори и податокот дека утревечер во Античкиот театар претставата ќе ја проследат околу две и пол илјади гледачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*