И власта и опозицијата бараат да се расчисти случајот со опожарениот автомобил што се поврзува со вицепремиерот Артан Груби. Неговиот колега Фатмир Битиќи, побара Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување корупција да го разгледаат случајот. Битиќи не знае дали автомобилот навистина бил на Груби.
„Јас не сум дел од Основното јавно обвинителство, ниту дел од Државната комисија за спречување корупција. Османи веќе потврди преку Фејсбук дека навистина станува збор за негов автомобил? Морам да кажам дека освен за тоа што го имам пријавено во мојот анкетен лист, не можам да реферирам за однесувањето на другите колеги“, изјави Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, смета дека станува збор за криминална пресметка. И тој побара целиот случај да се истражи, сторителите да одговараат, а јавноста да знае дали постои или не скриен имот.
„Сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, но очекувам и поврзаноста на лицето коешто го споменавте со компанијата во чија сопственост е ова возило во најскоро време да биде истражено и расчистено пред јавноста бидејќи не смееме да оставаме таков вид мистерии позади нас, особено бидејќи сме политичари и вршиме јавна дејност, а јавноста има право да знае дали навистина постои скриен имот или не постои“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО – ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е ова очигледен пример за корупција, зашто „Аудиото“ било купено од фирма којашто по багателна цена купила хотел од градежна компанија, а подоцна од власта добила милионски тендер