Апелација ги потврди казните на сите осудени за убиството на Денис Тот.
Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски ќе треба да издржи 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска исто така треба да издржи 18 години затвор. И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор од 16 години. Преиначување има само во делот на износот на нематеријалната штета, кој треба да се исплати кон семејството на убиениот Тот.
Од април минатата година за неговото убиство во притвор се 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски, 19-годишната Клементина Лефковска и 22-годишниот Андреј Костовски. Обвинителниот акт беше поднесен на крајот од јули 2022 година.