Првото собраниско соочување околу уставните измени почнува во вторник, на 25-ти јули. Ќе го раководи спикерот Талат Џафери, како претседател на Комисијата за уставни прашања.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува присуство и активно учество, иако не го менува ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Сепак Џафери го смета за „возможна мисија“, доколку се надминат теснопартиските интереси.
Шефот на државата, очекува интензивни разговори на власта и опозицијата во законодавниот дом за уставните измени. Од Пустец порача – ова е стратешки момент, кој не смееме да го пропуштиме за државата и идните генерации. Проценува, гласањето за уставните измени да биде крај на август или почеток на септември. Пендаровски е во еднодневна работна посеа на Пустец и Поградец. Со неговиот албански колега Бајрам Бегај се сретнаа со локалните власти.