Средбата на децата со бугарскиот претседател предизвика лавина реакции

Лавина реакции предизивика информација дека тие на почетокот на јули, при посета на Софија во претседателската палата се сретнале со Румен Радев.

На објавеното видео се гледа и дел од обраќањето на бугарскиот претседател во кое тој помеѓу другото им вели и дека политичарите треба да го следат нивниот пример.

-Силно верувам дека примерот кој го давате ќе биде следен и од политичарите од двете земји, да го заборават стравот и да ги заборават предрасудите, да направат така дека тоа што не поврзува, нашата општа историја да биде мост а да не не разделува, и тоа во име на нашата општа европска иднина, изјави – Румен Радев – Претседател на Р. Бугарија.

Првата детска амбасада Меѓаши се сомнева дека децата во случајот биле залоупотребени и бара обвинителството да постапи.

-Има индиции дека станува збор за инструментализирање за политички цели за девата да послужат за декор на политичките партии, на политичарите во Бугарија, и плус да се направи еден пропаганден маркетинг на штета на децата.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека по написите во медиумите дале известување и чекаат конкретни насоки.

-Апелирам, не само за овој случај туку и за било кој друг да се достават кривични пријави, изјави – Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи.

По изјавата на Спасовски дека за случајот го известиле ЈО, денеска има бура од реакции во Бугаријa. Некои од политичарите, намерно или не, обајвија и погрешни информации дека ќе се бара одговорност од децата, иако во слуачјот доколку таква има, ќе се бара од оргнизаторите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*