Илинденското востание во фокус пред 120-годишнината од настанот

Во пресрет на одбележувањето на 120 годишнината од Илинденското востание, владејачката партија најавува донесување резолуција за Илинден во Собранието.

Од СДСМ велат дека предлогот пред пратениците ќе се најде во вторник. Најава за гласање резолуција во Скопје, следи по два дена откако во бугарскиот парламент, на 20 јули кога по стариот календар всушност е дигнато илинденското востание, беше прочитана декларација по поов празникот кој во Бугариј се нарекува Илинденско преображенско востание. Ваквата усна изјава или декларација е дозволена со парламентарниот деловник кој предвидел пред почеток на седницата секоја пратеничка група да има свое обраќање кое најчесто се користи за коментирање на политичките противници или како пригодна нота за чевствување на празници.

Таквата декларација не е писмен документ кој го усвојува собранието и нема никакво правно дејство. Во меѓувреме, Бугарија најави дека 24 мај ќе го внесе во својот устав како ден на бугарската азбука. Ваквиот потег на Софија може да се протолкува како провокација, ама не само за Македонија, туку и други држави каде се употребува кирилицата. Според објаснувањето на властите во Софија, 24 мај е датум кој обединува, и како што се вели во предлогот, духовно просветување кое му го дале на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*