Нема да има подобар договор или нова понуда од ЕУ, вели ЕУ амбасадорот Дејвид Гир.
Тој се надева дека пораките од дипломатите кои последниот период ја посетија земјава ќе бидат земени предвид.
„Ние веруваме дека местото на оваа земја е во ЕУ не затоа што сме ние фини, туку затоа што мислиме дека имаме заеднички интерес и дека ова е најдобра иднина за земјата. Почнавте со преговори, имавте скрининг и можете да се придвижите кон наредниот чекор, значи, сега навистина не станува збор за тоа дали земјата ќе оди напред со усвојување на уставните измени. Но, пак ќе кажам, тоа е суверена одлука“,
вели амбасадорот во интервјуото за Слободен печат.
Собранискиот спикер, Талат Џафери вели дека доколку не се донесат уставните измени земјата нема да може да оди напред во евроинтеграцискиот процес.