
На само неколку дена пред уставната комисија во Собрание да ја почне расправата за уставните измени опозицијата се уште без јасен став како ќе ја тера дискусијата.
Сепак првиот опозиционер Мицкоски денеска во изјава за медиумите вели дека спорен и дискутабилен е предлог текстот на уставните амандмани и заслужува сериозна дискусија но можеби е и веќе доцна ако се земе предвид фактот дека Владата како што вели уште кога се согласила на протоколот не барала консултација со опозицијата и била свесна дека немаат поддршка од 80 пратеници.
Од СДСМ пак и натаму се надеваат дека во рамките на собраниската расправа и дебата ќе има пратеници кои во име на државните ќе ги надминат партиските интереси и ќе гласаат за уставните измени. А му порачуваат на Мицковски ако сака индивидуално да се изолира нека не ја изолира државата.
Во меѓувреме пак и лидерот на Левица денеска на својот Ф.Б профил со став дека иако Уставните измени стигнале во собрание не гледа причина од расправа во законодавниот дом и категоричен е дека уставни измени нема да има.