Мило ми е дека бизнисменот Орце Камчев се најде на „црната листа“ на САД, изјави Министерот за правда Кренар Лога одговарајќи на новинарско прашање. Министерот го лоцира камчев како еден од главните спонзори за уништување на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Министерот најави дека тој како член на Судскиот совет ќе побара да се проверат сите пропусти направени во текот на постапката за сите случаи каде што е обвинет Јордан „Орце“ Камчев.
Камчев од вчера е на црната листа на САД како дел од поединци и субјекти за кои американските власти сметаат дека ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и другo дестабилизирачко однесување.