
Антикорупциска со иницијатива до Обвинителство по спомежите за злоупотреба на личните податоци на граѓаните преку Управата за водење на матичните книги и фирмите Новатек ИНВ и Аукта. Тие во 2021 го добија тендерот тежок половина милион евра за дигитализација на Управата за водење на матични книги во постапка која ја почнал тогашниот директор Бујар Дардишта а ја продоложил Блерим Абази. Но извештајот кој антикорупционерите го добиле од Агенцијата за заштита на личните податоци констатирал сериозни пропусти и го отворил прашањето каде се складирале личните податоци на граѓаните.
-Имаме ситуација на изразени ризици дека се изнесени лични податоци и не се знае каде се отидени на граѓаните на оваа држава од страна на Управата за водење на матични книги преку економските оператори што го добиле овој тендер и нивната меѓусебна поврзаност, изјави – Владо Горгиев – Член на ДКСК.
За антикорупциската комисија спорна е и набавката на уредите за биометриска идентификација на гласачите пред локалните избори од 2021. Сметаат дека е фаворизирана германската Дермалог со која беше склучен договорот вреден над 11 милиони евра.
-Постои сомневање дека со начинот на кој била спроведена јавната набавка било доведено во прашање одржувањето на изборите. Понатаму, не е исклучена веројатноста дека со техничката спецификација која според Комисијата за заштита на конкуренцијата содржела ограничувачки критериуми, бил фаворизиран избраниот економски оператор, изјави – Горан Трпеноски – Член на ДКСК.
Предмет кој подолго време го работеа антикорупционерите е и неуспешната конфискација на имотот на Трансмет на осудениот бизнисмен Сеад Кочан во случајот Труст. Тие се сомневаат дека од обвинители во поранешното СЈО, нотари и вработени во Централен регистар и државното обвинителство овозможиле имотот стекнат од кривично дело да го даде како гаранција и да се брани од слобода за време на судската постапка.
За трите случаи, антикорупциска ќе го извести Обавинителството, кое ќе го има конечниот збор околу тоа дали ќе отвори истрага.