Управата за матични книги престана да издава изводи со графа со етничка припадност

Од денеска нема да се издаваат изводи за родени со графа националност – Службениот весник ја објави времената мерка која Уставниот суд ја донесе на 5 јули. Директорот на Управата за матични книги вели го почитува решението на уставните судии кое вчера било испратено до него.

Сите кои ќе поднесат барање ќе добијат нови документи како претходно. „Управата за водење на матичните книги работи согласно активните закони во државата и ги почитува одлуките донесени од надлежни судови, во конкретниот случај ја почитува времената мерка донесена од страна на Уставниот Суд на РСМ. Истовремено ве информираме дека Управата продолжува со издавање на изводи од книга на родени без графата на националност, согласно горенаведената Одлука од Уставниот Суд“, велат од Управата.

Голем дел од граѓаните денеска добија изводи за родени, но и покрај објавената одлука дел од нив подигнале изводи со графа националност. Од правда не одговорија дали министерот Кренар Лога ќе понесе ново Упатство како што најави веднаш по одлуката на судиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*