
Претставници на Алтернатива од сите ограноци и членови на Централен одбор одржаа прес-конференција во Тетово за да изразат незадоволство и забелешки, за како што рекоа, неуспехот на раководството во исполнувањето на партиските задачи од последниот одржан конгрес. Според оваа групација, во партијата година и пол има турбуленции, но тоа не влијае врз раководството.
„ Наметнувањето на именувања во структурите, водење на политики според дневното расположение, политичкиот гнев кон сите што мислат поинаку, за жал не го прават генералниот секретар достоен за функцијата што ја врши“, изјави во име на присутните Дритан Беџети, кој е претседател на тетовскиот огранок. Тој рече дека не е време за соработка со други партии туку има потреба Алтернатива да биде посилна партија.
Според него, оваа загриженост ја дели целата структура, па затоа ги повикува сегашните и претходните пратеници да ги поддржат. Додаде дека тоа важи и за другите структури кои заминале од многу причини од партијата.