„Вајмарската Тројка“ на средба со спикерот Џафери и претставници на политички партии

Земјата е посветена на исполнување на стратешката цел членство во ЕУ, но во моментов Собранието нема мнозинство за уставните измени укажал спикерот Џафери на средбата со министерот за Европа од полска Шинковски вел Сенк, министерката за Европа и клима од Германија, Лирман и државната секретарка за Европа на Франција, Бун.

Од страна на тројцата министри било посочено дека ЕУ има избори догодина и би било најдобро уставните измени да се случат до крајот на оваа. ВМРО-ДПМНЕ е за Европска унија, но не за уцени од страна на Бугарија, и неизвесност ако се направат уставните промени дека нема повторно да бидеме блокирани, соопшти Милошоски по средбата со Лирман, Шинковски вел Сенк и Бун.

„Тоа што беше кажано од име на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија, беше „да“ за Европска унија, но“ не“ за уцени од страна на Бугарија, коишто не водат никаква извесност дека процесот на евроинтеграции нема повторно да биде блокиран заради ирационални прашања коишто Бугарија очигледно сè уште ги има кон Македонија“, изјави Милошоски.

Вајмарската тројка на средбата во Собранието укажала дека и меѓу европски членки имало недоразбирања, но од ВМРО- ДПМНЕ укажале дека земји-членки не ги блокирале своите соседи при евроинтеграцијата. Милошоски потсети дека европски политичари ветувале дека ако се смени Уставот ќе биде отворен патот за членство во ЕУ, но тоа не се случи. „Ако има политичка волја во ЕУ може условот за уставни измени од преговарачката рамка да важат кога земјата ќе биде пред влез во Унијата“, изјави Милошоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*