ВМРО-ДПМНЕ се повтори на ставот на средбата со тројца министри

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ и парламентарните партии од Коалицијата за обнова на Македонија, денес оствари средба со висока делегација предводена од министрите за Европа на Сојузна Република Германија, Република Франција и Република Полска.

На средбата беше дискутирана актуелната општествено-политичка состојба во Македонија, особено во врска со пристапувањето на Македонија кон Европската унија во овие предизвикувачки времиња. Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше истакнат недвојбениот став дека се залагаме за членство на Македонија во Европската Унија со силно зачуван и зајакнат идентитет, јазик, култура и вредности.

Претставниците подвлекоа дека остануваат на ставот дека уставни промени во околности на политички диктат од соседството не се прифатливи. Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет.

Опозицијата воопшто не беше вклучена во преговорите кои резултираа со ултиматуми и барања кои отстапуваат од европските вредности и принципи. Оттука, за да се заштити процесот на пристапување од билатерализација, односите мора да се базираат на Копенхагеншките критериуми со взаемна почит, поддршка и соработка. Гостите беа информирани и за високото ниво на корупција во државата, за криминалот но високите ешалони во владата на СДС и ДУИ, како и за катострофалните политики во секој сектор во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*