Трагедија во Тетово: Двајца градежни работници загинаа откако падна потпорен ѕид

Попладнево во тетовското село Шипковица се случила несреќа. Загинаа двајца градежни работници откако врз нив паднал потпорен ѕид. Станува збор за 63-годишник од Селце и 50-годишен државјанин на Албанија.

Несреќата во полиција била пријавена во 15.45 часот. Работниците се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале, а лекарите од итната медицинска помош кои пристигнале на местото можеле само да констатираат смрт. На терен се врши увид за утврдување на причините за несреќата. Присутни се и пожарникари, како и претставници од трудовиот инспекторат.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на самото место во Шипковица, каде што при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Бил повикан и Државниот трудов инспекторат кој треба да изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица, велат од Јавното обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*