Струга воведува забрана за шетање во костими за капење во чаршијата: Различни мислења и сомневања среди жителите

Струга забрани шетање во костими за капење низ струшката чаршија. Општината постави информативни табли на повеќе локации за оваа намена и преку соопштение ја информираше јавноста – да нема голотија на јавни места. Струга не е конзервативен, туку туристичка град, велат советниците од ВМРО ДПМНЕ. Оваа одлука е самоиницијативна и не е донесена согласно законот за локална самоуправа.

„Во конкретниот случај Советот нема донесено одлука за поставување на тие знаци, ниту пак поставувањето на тие знаци е предвидено во програмата која е изгласана од страна на Советот“, вели Ален Деребан координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Струга.

Стружани со поделени мислења, некои сметаат забраната е добра, додека други не се согласуваат. Од Комуналниот инспекторат при општина Струга не добивме став.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*