Увидот за пожарот во основниот суд Куманово, одложен
за утре

Увидот за пожарот во кумановскиот суд одложен за четврток. Сè уште не е безбедно да се влезе во објектот, пожарникарите дежураат и внимаваат повторно да не се активираат пламените јазици коишто ги зафатија подрумските простории, каде што била сместена архивата.

Освен обвинител од Куманово, причините за пожарот ќе ги истражува и обвинител од Скопје, екипи од СВР Куманово, кримтехника, вештаци. Додека јавноста чека што ќе покаже увидот, Министерството за правда откри дека уште од порано на Судот му било укажано дека предметите не се соодветно архивирани, ама и покрај предупредувањето, никој ништо не преземал.

Дополнително, Министерството откри и дека во Судот нема континуирано архивирање на предмети, проблем што се провлекува со децении.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*