НАТО усвои одбранбени планови, Ковачевски го потенцира значењето на евроинтеграцијата

НАТО усвои најсеопфатни одбранбени планови за спротивставување на двете главни закани по Алијансата – Русија и тероризмот коишто вклучуваат 300 илјади војници во висока готовност, зголемување на воените буџети на најмалку два процента од БДП, и пакет од три елементи за приближување на Украина до членство.

Шефот на македонската делегација, премиерот Ковачевски укажал на партнерите од ЕУ дека со побрза евроинтеграција ќе се зголеми безбедноста на регионот на Западниот Балкан. „Го реафирмираме ставот за важноста за европските и евро-атлантските интеграции за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на овој Самит многу важен и за НАТО, меѓутоа и за Европската унија“, изјави премиерот Ковачевски.

На самитот во Вилнус, без консензус за покана за Украина, но сојузниците се согласија да го отстранат условот за акциски план за побрз пат до членство, откако ќе заврши војната и ќе оценат дека ги исполнила условите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*