Градоначалничката Арсовска нема надлежност да ме казни со 90 илјади евра бидејќи ЈП „Дрисла“ не се наоѓа на територија на Град Скопје, вели првиот човек на Општина Кисела Вода. Според Ѓеорѓиевски, Арсовска не смее да постапува на места каде што нема ингеренции. Појаснува и дека за да го истурат сметот во „Дрисла“ нема потреба од никаков договор, општините може да го одлагаат и со мерење на отпадот, и врз основа на тоа да им се наплати.
Од владејачката партија пак, обвинуваат дека наместо модерно, Мицкоски и ДПМНЕ Скопје го претворија во една голема депонија. Според нив довербата којашто скопјани им ја дадоа на Мицкоски и на Арсовска ја изневерија целосно. Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека Ковачевски кој со Арсовска е во коалиција поради тендери е виновен за хаосот во Скопје.
По тридневната блокада, вработените во „Комунална хигиена“ почнаа да го собираат сметот, а рекоа дека ќе продолжат да ги бараат правата институционално. Превирањата во „Комунална хигена“ резултираа со откази од работа на дел од работниците.