Екипите на ЕСМ го отстрануваат оштетениот топловод под
опожарениот мост „Беласица“. Следна фаза е санацијата, вели
професорот Гаревски. Тој уверува дека е направена стручна
анализа за состојбата на мостот. Во неа учествувале 11 експерти, од
кои тројца професори. По изјавата на деканот на Градежниот
факултет, професор Горан Марковски дека има деформација на
мостот од 3,5 сантиметри, Гаревски вели дека математички можеби,
но не и во реалност според геодетското снимање што го направиле
и го споредиле со она кога е правен мостот. Поместување на
линијата не е утврдено. Професорот Гаревски смета дека ќе биде
потребна санацијата за заштита на мостот од корозија.