Комуналците во Скопје го прекинаа штрајкот

Вработените во „Комунална хигиена“ се вратија на работа и во
поголем дел од градот го собраа отпадот од контејнерите но, сепак
очигледно дека е потребно повеќе време. Во дел од населените
места контејнерите сè уште се преполни, а може да се забележи и
празни контејнери, но, смет насекаде околу нив. Дел од скопјани и
утрово се разбудија во неподнослива реа. Високи температури,
смет низ населените места. Комунална хигиена се врати во
нормален режим на работа по превирањата од викендов, но,
потребно е време да се собере натрупаниот отпад од изминативе
неколку денови. По тридневната блокада, вработените во
„Комунална хигиена“ рекоа дека работниците ќе го собираат сметот
за да им излезат во пресрет на граѓаните, а правата ќе продолжат да
ги бараат институционално. Откако ескалираа состојбите, скопските
градоначалници предлагаат секоја општина да има свое
претпријатие кое ќе се грижи за хигиената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*