
Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски
прашања, координација на економските ресори и инвестиции,
Фатмир Битиќи одржа проштална средба со австрискиот
амбасадор, Н.Е. Георг Вуцас. На средбата, вицепремиерот Битиќи се
заблагодари за придонесот на амбасадорот Вуцас во делот на
економска поддршка и промоција на Северна Македонија како
атрактивна дестинација за австриските инвеститори, но и за
политичката поддршка во европската интеграција на нашата земја.
„Верувам дека Австрија ќе продолжи да биде силен промотор и
партнер на нашата земја“, рече Битиќи. Амбасадорот Вуцас се
заблагодари за досегашната соработка и истакна дека за Австрија
интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е еден од главните
приоритети и изрази убедување за позитивен исход. „Северна
Македонија е модел за решавање на внатрешните конфликти, но и
на споровите со соседите“, рече австрискиот Амбасадор во
заминување, Н.Е. Георг Вуцас